Градоначалникот Коцевски одлучи - помош за настраданите во пожарите во Грција
Градоначалникот Аце Коцевски одлучи да обезбеди помош за настраданите во Грција. Во рамките на своите законски надлежности Коцевски доделува финасиска помош во висина од 50.000 денари како помош и поддршка за настраданите лица во катастрофалните пожари во Република Грција од буџетската става која има право самостојно да ја користи.
Според медиумите, во пожарите во источниот дел на областа Атина загинаа 80 лица, а околу 200 се повредени. Ова е една од наголемите несреќи во поновата историја на Грција. Со помошта, Градоначалникот Коцевски се вклучува во хуманитарните активности во Македонија и регионот за помош на настраданите.