Бесплатен автобуски превоз до езерото „Младост“ - промена на релацијата
Секоја сабота и недела, автобусот поаѓа во 10ч. од постојката во населба „Тунел“.
Автобусот ќе се движи на релација: населба „Тунел“ (постојка „Багремче“) – постојка трговски центар – постојка кај „Сако Трејд“ на улица „Благој Ѓорев“ – постојка спроти Народниот театар „ЈХК-Џинот“– постојка „С’рмаале“ кај јаворот на улица „8-ми Септември“ – постојка „Центар“ (нама) – постојка населба „Речани“ – Брод „Панини“ езеро „Младост“.
Враќањето од езерото „Младост“ е во 18ч. од паркингот кај бродот „Панини“. Во случај на лоши временски услови автобусот нема да сообраќа. Во зависност од интересот на граѓаните за бесплатниот автобуски превоз, Општина Велес ќе организира бесплатен превоз до езерото секој ден во неделата.