Нов забавен парк за децата со ограничена мобилност

На 7 август годинава градоначалникот Аце Коцевски оствари средба со  претставници на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет „Мобилност Македонија“.

На средбата со Бранимир Јовановски, претседател на НСЛТИ „Мобилност Македонија“ Софка Прчева, генерал секретар, Горан Здравков претседател и Миланчо Арсовски, секретар на „Мобилност Велес“ Коцевски ги нагаласи континуираните заложби и посветеноста на општината кон поддршката на лицата со телесен инвалидитет и ги информираше членовите на делегацијата за тековните и планираните активности во овој домен.

Членовите на делегацијата на „Мобилност“ Македонија го информираа градоначалникот дека во рамките на своите активности ќе обезбедат донација на опрема за детски забавен парк со содржини за децата со ограничена мобилност. Со овој пример на успешна соработка помеѓу граѓанскиот и јавниот сектор Велес уште повеќе ќе ги зајакне капацитетите за помош на децата и лицата кои имаат најголема потреба од поддршка од целата заедница.