Одбележан празникот „Св. Великомаченик Пантелејмон“
Со Архиерејска Божествена Литургија на која чиноначалствуваше поглаварот на Македонската православна црква, Архиепископот Охридски и Македонски господин господин Стефан на 9 Август годинава беше одбележан празникот Св. Вмч. Пантелејмон, заштитникот на Велес.
На Литургијата на која присуствуваше градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, господин господин Стефан во придружба на митрополитот на Повардарската епархија господин Агатангел упати молитва за мир и спокој на македонскиот народ и народите во целиот свет. Празникот беше одбележан и со празнична вечерна богослужба на која чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г-дин Агатангел во сослужение со свештениците од епархијата.