Американски конгресмени во посета на Општина Велес
Подобрувањето на соработката на локалната со централната власт беа во фокусот на денешната средба на петте американски конгресмени од САД: Бил Флорес, Дејвид Прајс, Дина Титус, Гери Коноли и Сузан Дејвис.
Тие денес остварија средба со Градоначалникот Коцевски и членовите на Советот на Општина Велес на која беа разменети искуства и идеи за зајакнување на комуникацијата на општинските советници со централната власт со цел поефикасно преточување на приоритетите на граѓаните и локалните власти во политиките на делување на централните власти.
Во продолжение беше реализирана и одделна средба со пратениците Панче Иванов, Илија Димовски, Иван Ивановски, Бетиане Китев, Благица Ласовска, Агим Муртезани, Славица Шуманска–Митева и Емилија Александрова на која се разговараше за подобрување на механизмите со кои пратениците ги пренесуваат барањата на граѓаните во законодавниот дом.