Градоначалникот Коцевски ги посети првачињата

Денес сите училишта во Општина Велес ширум ги отворија своите врати по повод првиот училишен ден во оваа година. Градоначалникот на Општина Велес Аце Коцевски денес присуствуваше на училишната престава  во ООУ „Блаже Конески“, каде им го честиташе  овој посебен ден за учениците,

„ Најдолгиот пат почнува со првиот чекор. За првачињата ова е посебен ден, ден што ќе го памтат во текот на целиот живот. Им посакувам да имаат добар успех не само во учењето туку и во воспитувањето. Да прераснат во  идни добри граѓани кои не само што ќе можат во иднина да се справуваат со идните предизвици, туку ќе станат добри  граѓани во вистинска смисла на зборот.“- истакна Коцевски во своето обраќање до присутните ученици. 

„Денес почнува процесот  на акумулирање на Вашето знаење“- рече Јованче Манасков, директор на ООУ „Блаже Конески“. Тој ги информираше присутните дека од оваа година ќе се воведе  акцијата„ Дрво на генерацијата „“ пришто по 8 септември  првоооделенците ќе засадат по едно дрво во училишниот двор, за кое ќе се грижат за време на своето школување.