Соопштение за санација на оштетени површини на улица Прохор Пчински
Почитувани граѓани,
Ве известуваме дека во среда (05.09.2018) и четврток (06.09.2018) фирмата “Тргоцемент “ од Велес ќе врши санација на оштетените површини околу шахтите по вдолж на улицата Прохор Пчински што води до црквата Свети Спас.
Се замолуваат граѓаните да имаат трпение во текот на времетраењето на санацијата во интерес на целосно завршување на работите и овозможување на проодност за улицата за сообраќај.
Со почит,
Општина Велес