Волонтерскиот корпус на германската корпорација Хенкел во посета на Општина Велес
Триесетина членови од Волонтерскиот корпус од германската корпорација Хенкел во организација на невладината организација Хабитат – Македонија денес оствари средба со Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски. Делегацијата беше предводена од тим лидерот на волонтерите од Хенкел, г-н Ханјрих Ант. На средбата присуствуваше и директорот на Хабитат Македонија Зоран Костов.
Коцевски упати благодарност од свое име и од името на Советот на Општина Велес за огромната поддршка што ја дава Германија како земја во процесот на евроантланските интеграциии. Тој го истакна значењето на овој тип проекти кои се реализират со организацијата Хабитат Македонија затоа што истите го промовираат принципот на волонтерската работа и се од големо значење за граѓаните на Општина Велес.
Хабитат –Македонија е невладина и непрофитна организација која работи на обезбедување едноставни, пристојни и пристапни решенија за живеалишта на оние што живеат во услови на сиромаштија, без разлика на нивната етничка, полова и религиозна припадност. Во рамките на својата програма за новоградби во Велес досега има изградено 6 згради во изминатите 10 години. Преку соработката што Хабитат Македонија ја има со големи групации како Хенкел на граѓаните им се овозможува напуштање на условите на сиромашна животна средина и се подобруваат нивните животни услови.
„Германија е голем поддржувач и пред се важен трговски партнер за Македонија . Се радувам што соработката со Хабитат- Македонија продолжува и понатаму. Со овие проекти се зголемува квалитетот на живеење на нашите сограѓани, затоа што со пониски цени од пазарните, еден дел од граѓаните може да го решат своето станбено прашање“- истакна Коцевски