Eкономски развој преку соработка на бизнис секторот со институциите

 

Продлабочувањето на соработката помеѓу бизнис заедницата и државните институции како што се Управата за јавни приходи и Царинската управа беше во фокусот на четвртата седница на Економскиот совет. На седницата одржана во Општина Велес, на 6 -ти септември годинава, градоначалникот Аце Коцевски укажа на значењето на економскиот совет за зајакнување на соработката помеѓу стопанствениците и надлежните институции кои преку своите олеснувања можат да го поттикнат економскиот раст.

На седницата на која присуствуваа околу 50 претставници на бизнис секторот, учесниците имаа можност да дознаат повеќе детали за идните планови на овие две важни институции во поглед на обезбедување поддршка за компаниите кои се активни на подрачјето на општина Велес.

 

„Во наредниот период најавувам голем број на проекти кои ќе го олеснат Вашето работење“- истакна Сања Лукаревска, директор на Управата за јавни приходи на РМ. Реформите во поглед на поедноставување на плаќањето на персоналниот данок, доставувањето на годишните даночни пријави за сите граѓани, набавката на софтвер програми кои ќе го олеснат работењето , воведувањето на автоматски модули за поврат на даноците , повратот на15 % до физичките лица., кампањата за фискализација , законските измени за прогресивното оданочување, нацрт верија на законот за прекршоци и голем број на други активности се дел од активностите на УЈП кои треба да ги поедностават процедурите а воедно и да стимулираат подобра бизнис клима за домашните и странски инвеститори. 

 

„Да го вратиме партнерскиот однос со деловната заедница. За царинската управа е важно да комуницира со бизнис заедницата Нам ни е важно да ги слушнеме вашите потреби“- рече Ѓоко Танасоски, директор на Царинската управа на РМ. Тој се осврна на повеќе проекти на Цариската управа како: намалување на глобите, модернизација на граничнуиот премин Табановце, воведување на нов софтвер кој ќе доведе до „безхартиено царинење“, изградба на нов граничен премин со Албанија (Ќафасан) , воведувањето на one-stop-shop со што ќе се забрзаат административните постапки на царината во интерес на граѓаните. 

 

На оваа средба голем дел од стопанствениците добија одговор на многу прашања и предизвици со кои тие се среќаваат во своето секојдневно работеење. Градоначалникот Коцевски ја презентираше заедничката иницијативата на општината и бизнис заедницата, Велес да го врати повторно статусот на регионален центар во поглед на надлежностите кои се поврзани со институциите од централна Власт. Kако што најави Коцевски, Локалниот Економскиот совет при Општина Велес во следниот период ќе продолжи со голем број на активности за координација и поттикнување на локалната економија.

 

„Наш интерес е економски силна држава која ќе донесе подобра иднина за сите нас. Македонија припаѓа кон ЕУ, сакаме повисок животен стандард и граѓаните да остварат повисоки приходи. Да почнеме да ги живееме европските вредности, не само декларативно туку и вистински“-рекоа директорите на УЈП и Царината во својата заедничка изјава за медиумите.
Изјавите за медиумите може да ги проследите на следниот линк: