Велес- центар на стрип уметноста
184 стрипови од 24 земји во светот го создадоа мозаикот на 16-то издание на Меѓународниот салон на стрип. Вечерва, на свеченото отворање на салонот кој се одржува со финансиска поддршка на Општина Велес, признанието за афирмација на стрипот на годинешниот добитник Игор Стевковски-Стевац му го додели градоначалникот Аце Коцевски.
На свеченоста што се одржа во Ликовниот салон беа доделени и наградите: „Златен стрип“ на авторите Алекса Гајиќ и Марко Стојановиќ од Србија, втората награда на авторите Владимир Кузманов, Катрин Месар од САД и Владимир Попов од Србија. Третата награда му припадна на авторот Фернандо Соса од Аргентина. Наградата за уметнички израз ја доби Душан Гачиќ , а наградата за најдобро сценарио Предраг Ѓуриќ од Србија.
За значењето на салонот и воопшто стрип-уметноста, на свеченоста говореше Ване Трајков, извршен директор на Стрип центарот на Македонија, со седиште во Велес.