Стартува изградбата на систем за водоснабдување во Индустриска зона „Мамутчево“
Денес во просториите на Центарот за развој на Вардарски плански регион се воведе во работа изведувачот на работите на проектот "Изградба на систем за водоснабдување во Индустриска зона Мамутчево". Изведувачот на работите е Друштвото за градежништво, трговија и услуги „Евро-Инженеринг увоз- извоз ДООЕЛ“- Велес.
Надзор над изведбата на градежно монтажните работи е „ДГУТГМ Интерградба-ЛА Аце ДООЕЛ увоз - извоз“. Вредноста на договорот е 8.692.499 денари од кои 6.952.714 се обезбедени од Бирото за регионален развој, а 1.749.785 денари се учество на Општина Велес.
Согласно предвидената динамика резервоарскиот простор со зафатнина од 500м3 е потребно да се изведе за 75 календарски дена. Градежните работи започнуваат во понеделник, 15 октомври.