Ендуро мотоциклистичката трка по четврти пат во Велес

Во рамките на Државниот шампионат во Ендуро денес се одржа 4тата трка на која земаа учество вкупно 32 мотоциклисти од земјава но и од Србија, Косово ,Бугарија и Грција. И оваа трка е дел од низата настани кои се случуваат за време на одржувањето на Фестивалот на велешка пита и вино во Велес.

Градоначалникот Коцевски ги поздрави присутните и им посака успешна трка. „Се надевам дека оваа трка во иднина ќе биде настан кој ќе биде во европски рамки" истакна Коцевски. Организатор на овој настан е мото клубот „Мото Велес“. Општина Велес и понатаму ќе продолжи активно да го поддржува овој спорт во рамките на своите можности.