Стартуваше 5тата велосипедска тура "Питијада 2018"

Околу 300 велосипедисти од земјава денес ја започнаа традиционалната велосипедска тура која се одржува по петти пат во рамките на Фестивалот на велешка пита и вино. На турата земаа учество и велосипедисти од Грција и Украина. Оваа година патеката изнесува 47,9 км и е зголемена за 10 км од изминатите години.

Учесниците на турата ќе имаат можност да возат низ велешките села Раштани, Белештевица, Сопот, Сујаклари и Башино село, а предвидена е и посета на двете винарии "Шато Сопот и "Тристо" како и на два манастири во Велешкиот регион. Велосипедистите ќе возат на дрвен висечки мост што претставува една од главните атракции на оваа тура.

Настанот е во организација на здружението "Велес Бајкинг" со поддршка на Општина Велес.