Коцевски во Париз ја претстави соработката со француската асоцијација за наследство
Денес, во седиштето на градот Париз, градоначалникот Аце Коцевски учествуваше на конференција на тема ,,Наследството и меѓународната соработка", организирана од Француската национална асоцијација на впечатливи пејсажи и градови. На конференцијата, Коцевски го презентираше искуството од над една деценија соработка со француската асоцијација и проектите реализирани во Велес и други градови во Македонија.
На конференцијата на која присуствуваа претставници на Европската комисија, Министерството за култура на Франција, градоначалници, асоцијации од Франција, Либан, Хрватска и Бугарија, Коцевски покрена иницијатива за формирање на мрежа за наследство на Југоисточна Европа.
На конференцијата Коцевски доби поддршка од Н.Е. г-ѓа Јадранка Чаушевска Димов, амбасадорка на Македонија во Франција, која лично присуствуваше на конференцијата во седиштето на градот Париз.