Средба на градоначалникот со Амбасадорката Чаушевска-Димов
Денеска градоначалникот Аце Коцевски, во Амбасадата на Република Македонија во Париз, оствари средба со Н.Е Јадранка Чаушевска -Димов, Амбасадорка на Република Македонија во Република Франција.
На средбата беа разгледани проектите што Општина Велес ги реализира со партнерските организации во Париз, Бордо, Алзас и Нормандија. Коцевски изрази задоволство од досегашната соработка и отворените перспективи за реализација на нови проекти и активности. Амбасадорката Чаушевска -Димов најави поддршка на активностите и посветеност кон продлабочување на соработката.
Според најавите, Општина Велес и во наредниот период ќе продолжи да работи на заеднички проекти со Француската асоцијација на впечатливи пејсажи и градови, асоцијацијата АЛМА од Алзас и градот пријател Шербур во Нормандија. Поддршката од македонската амбасада во Франција и француската амбасада во Македонија придонесува за поголеми резултати во билатералните проекти и активности и трансферот на знаења за европските стандарди и практики во Република Македонија.