Младите во чест на Рацин -по 51 пат
Во преполната сала на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов –Џинот“, на 6. ноември годинава беше отворено 51. издание на манифестацијата „Детски Рацинови Средби“. Во присуство на претставници од општествено-политичкиот живот и над 300 ученици и ментори од повеќе градови во Македонија, средбите ги отвори градоначалникот Аце Коцевски.
„Рацин е нашата гордост, нашиот знак на препознавање, најзнаменитата личност на Велес на 20-от век, тој е најголемиот македонски поет меѓу златоустите живи и покојни македонски поети“- рече Коцевски. Тој упати порака до учениците да ги негуваат вистинските културни вредности, да не трчаат секогаш по материјалното и да се инспирираат од Рациновата „Татунчо“ во која тој верува дека иако не изградил куќа со широки шимшир порти, нему цел свет му е братски, а срцето порта најширока.
На свеченоста беа доделени гран при награди за литературно и ликовно дело како и награди за литературни и ликовни творби за ученици од основните и средните училишта.
Во рамките на 51. Детски Рацинови средби се одржа и поетска работилница во медиотеката при локалната библиотека „ Гоце Делчев“. Во Ликовниот салон учениците имаа можност да изработат постер на тема „Рацин вчера денес и утре“, што е мотото на овогодинешните средби.
src="images/stories/2018/noemvri/mladite-vo-cest-na-racin-2018 (11).JPG" alt="" />
<img style="display: block; margin-left: auto; margin-right: auto;"