Учениците се натпреваруваа во противпожарна заштита

Во рамките на одбележувањето на 9-ти Ноември、Денот на Општина Велес, денеска во салата „Бели Мугри“ се одржа противпожарен квиз-натпревар, на кој учествуваа сите општинските основни и средни училишта од Велес.Овој натпревар се одржува по 36 ти пат и е во организиција на Општинскиот противпожарен сојуз со поддршка на Општина Велес.

Досега, над 1500 ученици учествувале на овие натпревари. Младите имаа можност да ги покажат своите знаења и вештини од областа на пожарникарството, начинот на справување со огнената стихија, но и спроведувањето на превентивни мерки во заштитата од пожари. Оваа година, од основните училишта најуспешна беше екипата на ОСУ „Васил Главинов“, а од средните ССОУ „ Димитрија Чуповски'.

Покрај овој настан, во близината на Мало мовче беше реализирана показна вежба на Територијалната противпожарна единица од Велес која ги презентираше возилата и опремата добиени од Дирекцијата за заштита и спасување.