Одржана третата форумска сесија на заедниците
Во рамките на проектот за "Зајакнување на општинските совети" , вчера се одржа третата форумска сесија на која жителите на Велес како и стручни лица од општината земаа активно учество.
Сесиите се одвиваат во насока на поголемо учество на граѓаните во процесот на носење одлука за проект кој ќе се реализира од страна на општината. Беа презентирани конкретни концепти за проекти кои се однесуваат за решавање на проблемите со кои се среќаваат ранливите групи на граѓани. Последната од низата форумски сесии е закажана за 16 декември во 13 часот.