Велес учествува на собирот на градови во ЦИВИНЕТ мрежата за Југоисточна Европа

Делегација на Општина Велес, предводена од градоначалникот Аце Коцевски, денес учествуваше на собир посветен на Одржлива урбана мобилност, организиран од Мрежата ЦИВИНЕТ СЛОВЕНИЈА-ХРВАТСКА ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА, во Загреб, Република Хрватска.

На собирот беа презентирани искиства, на градови, региони и држави што ќе придонесат за ширење на знаења и искуства за одржлива мобилност во градовите со посебен акцент на интегрална оддржлива мобилност на сите видови сообраќај во градовите и регионите.

Детално беа презентирани искуствата на Град Загреб за проширување на пешачките зони, зголемување на велосипедските патеки, подобрување на јавниот превоз и во решавање на проблемите за паркирање.