Несекојдневно музичко доживување за велешани

Во преполната сала на Општина Велес денес велешани имаа единствена можност да уживаат во звуците на Чајковски и Менделсон изведена од Камерниот оркестар Souvenir de Florence.

Реномираните европски музички уметници Лиса Јакобс (Холандија), Хед Јарон Мејерсон (Холандија), Владимир Костов и Мартин Димитров – виолини, Дритон Гаџа и Нора Романоф Шварцберг (САД, Австрија) – виоли, Иван Туркаљ (Германија) и Франческо Мариози (Италија) виолончела за првпат настапуваат во Македонија како гудачки октет.

Општина Велес и во иднина ќе ја продлабочува меѓународната комуникација и соработка во културата преку гостување на афирмирани уметници со цел збогатување на културниот живот во Велес. Настанот се одржа во организација на Општина Велес и Министерството за култура на Република Македонија.