Одлука за завршување на јавен оглас бр.02/2018
Врз основа на член 50 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ” бр. 5/02), член 23 од Законот за работните односи („Службен весник на РМ 62/2005....120/2018), а согласно член 20-г од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија“ бр.27/14,199/14, 27/16 и 35/18),
Градоначалникот на Општина Велес на ден 10.12.2018 година, донесе
О Д Л У К А
за завршување на јавен оглас бр.02/2018
Член 1
Се донесува Одлука за завршување на Јавен оглас бр.02/2018 за вработување на неопределено работно време на 10 овластени службеници во областа на безбедноста и тоа: 6 овластени службеници пожарникар спасител–техничари и 4 овластени службеници пожарникар-спасител, поради усогласување со Годишниот план за вработување на Општина Велес и ТППЕ бр.08-1448/1 од 20.03.2018година, што е во согласност со член 20-а од Законот за вработените во јавниот сектор.
Член 2
Одлуката влегува во сила со денот на донесувањето и истата ќе се објави на веб страната на општината.
Образложение
Општина Велес објави Јавен оглас бр.02/2018 за вработување на неопределено работно време на 10 овластени службеници во областа на безбедноста и тоа: 6 овластени службеници пожарникар спасител–техничари и 4 овластени службеници пожарникар-спасител.
Согласно Годишниот план за вработување на Општина Велес и ТППЕ бр.08-1448/1 од 20.03.2018година, потребно е да се изврши дефинирање на бројот на работни места изразени по припадност на зедницата.
Врз основа на горе неведеното се одлучи како во диспозитивот на оваа Одлука.