Лицата со попреченост - приоритет за општините

Денес, на вториот ден од тридневната обука за инклузивни општини, пред претставниците на локалната самоуправа и невладиниот сектор од повеќе општини се обрати градоначалникот Коцевски.
" Секогаш на ум да ги имаме лицата со попреченост и луѓето кои ги претставуваат нив. Како општина подолг временски период правиме квалитативни чекори за лицата со попреченост.

Треба да се направи деинституционализација на овие лица, да се создава поволна атмосфера и култура на однесување кон нив"-истакна Коцевски во своето обраќање.

Општина Велес е една од шесте општини кои зема активно учество во проектот "Инклузивни партнерства во заедниците".Проектот го реализира фондацијата Чекор по Чекор а е финансиран од ЕУ.