Проектот "Велес без бариери"- ја доби поддршката на граѓаните на форумот на заедниците

На денешната последна форумска сесија, граѓаните имаа можност да гласаат за предложените три проекти кои беа разработувани во изминатиот период од проектните групи.

Со мнозинство на гласовите како најприоритетен проект беше избран проектот "Велес без бариери-пристапност до јавни површини и установи", со кои се решаваат проблемите кои ги имаат граѓаните со ограничена мобилност ,старите лица, родители кои управуваат со детски колички и др.

Во рамките на проектот се планира нивелирање на рабници (ивичњаци) на главната улица „Благој Ѓорев“, поставување на платформи за три основни и две средни училишта како и подобрување на пристапноста на општинската зграда за оваа ранлива група на граѓани.

„Општина Велес се заблагодарува на граѓаните за останатите проектни предлози кои имаат одличен квалитет и ќе се заложи за нивна интеграција во идното планирање на своите активности“ - истакна Весна Стојанова Богоевска, член на Советот на Општина Велес.