Наместо новогодишни декорации – помош за 100 социјално загрозени семејства од Велес и околината

На денешната прес конференција градоначалникот Аце Коцевски ја извести јавноста дека оваа година средствата кои беа предвидени за новогодишни украси, календари и други промотивни материјали општината ќе ги донира на 100 социјално најзагрозени семејства од Велес.

80 од нив се од градот и 20 од населените места. Вкупната вредност на донацијата е  300.000 денари. Податоци за семејствата ќе се обезбедат  во соработка со Меѓуопштинскиот центар за социјална работа.  Секое од овие 100 семејства кои се соочуваат со социјални проблеми пред новогодишните празници ќе добие по 3000 денари.

„Одлучив средствата да ги донираме на социјално најзагрозените семејства и да придонесеме овие наши сограѓани да имаат убави и исполнети празници со своите семејства. Да ги заборават проблемите и грижите и барем за момент да ја почувствуваат топлината и радоста на празниците“, рече Коцевски.