26 Седница на Советот –Усвоен буџетот за 2019 година
На својата 26 седница, одржана на 28 декември годинава, Советот на Општина Велес го усвои буџетот за 2019 година проектиран во висина од 871.159.354 денари.
Советот ги усвои и одлуките за извршување на Буџетот, утврдување на пазарната вредност на градежното земјиште на подрачјето на Општина Велес, Годишната програма за работа на Советот на Општина Велес и Годишниот план за вработување во Општина Велес во 2019 година.
Најголема дискусија поттикнаа Оперативната програма за одржување на јавното зеленило и извештаите за работа на ЈКП „Дервен“ и ЈПССО „Парк-спорт“. Членовите на Советот дискутираа и за годишниот план за работа на ЈПССО „Парк-спорт“ за 2019 година. Советот донесе одлуки и за утврдување на потребата од за изработка на локална планска урбанистичка документација и ги усвои измените и дополнувањата на Програмата за изработка на урбанистички планови во 2018 година. На денешната седница Советот го усвои и решението за одобрување на средства од Буџетот на Општина Велес за Велибор Манев на кого му е потребна помош за обнова на семејната куќа оштетена од пожар.