Прогласени најдобрите спортисти на Велес за 2018

Традиционално, по 59ти пат Сојузот на спортови со поддршка на Општина Велес ја организираше манифестацијата "Избор на спортисти и спортски работници за 2018" во Велес.

Најпрестижното признание "Спортист на годината" за 2018 отиде во рацете на Дарко Ранготов, фудбалер од „КМФ Велес“, клуб од футсал лигата.
Досега Ранготов има освоено голем број на награди меѓу кои и "најдобар играч во мал фудбал во Македонија за 2018". Вкупно има одиграно 90 натпревари во тимот на државната селекција. Поседува и меѓународно искуство со тимот на "Сквер" од Дубровник.

Во останатите категории наградите ги понесоа:
-Најуспешни училишта: ОУ "Васил Главинов" и СОУ " Гимназија Кочо Рацин "

-Најуспешни наставници: проф. Весна Николова и проф. Илија Попов

-Најуспешен спортски подвиг: Дејан Митров, Коста Шахов и Трајче Илиевски

-Најуспешни манифестации: Турнир во гаѓање на подвижна мета, 40 години женска одбојка во Велес, 40 години фудбалски клуб Превалец.

-Амбасадори на велешкиот спорт: Игор Леовски, Енис Фазлагиќ

-Најуспешни арбитри-судии: Климентина Војдиновска и Горан Мишковски

-Награда за животно дело: проф.Трајче Ковачев

-Најуспешни тренери-младински категории: Димче Стефановски и Сашко Ванчевски

-Најуспешен тренер -сениор: Горазд Михајлов

-Најдобри екипи во младинска конкуренција: КК "Борец Баскет", велосипедски клуб "МВК Велес", кајак кану клуб "Вардар" и карате клубот "Гладијатор".

-Најуспешни млади спортисти: Лусија Атанасова-тенисерка, Ненад Антиќ-,стрелец, Давид Ристовски- велосипедист, Сара Николова-,одбојкарка, Кирил Миленков-ракометар, Ангела Димова-кајакарка , Марко Поп-Тодоров-каратист, Славјанка Андреева-тенисерка, Ангел Жабев-одбојкар, Николина Грујова -одбојкарка, Стефанија Андовска -стрелачка, Стефан Стефков-кошаркар, Бојан Колевски-фудбалер, Виктор Ванчевски-велосипедист и Ангел Петрушев-,кајакар.

Најуспешни екипи-сениори: фудбалски клуб "Борец", кајакарски клуб "Бабуна" и велосипедски клуб "МВК Велес".

Најуспешни сениори: Кристијан Ванчевски-велосипедист, Борче Мирчевски-кајакар, Драган Ванов-мотоциклист, Мартин Караколев-кошаркар, Ѓоре Ѓоргиев - фудбалер, Енис Небиоски-,кајакар, Љубомир Спасиќ-кајакар, Георги Бановски -каратист и Антонио Чоков-фудбалер.

Градоначалникот Коцевски се заблагодари на сите велешки спортисти и спортски работници кои активно учествуваа во големиот број на спортски настани кои во рамките на можностите беа поддржани од Општина Велес.

Беа најавени најважните тековни инфраструктурни проекти во насока на новиот изглед на градскиот стадион.

Во своето обраќање Коцевски ги истакна идните заложби на општината и Советот за особена поддршка на пливачкиот маратон, атлетскиот полумаратон и ендуро мото трката кои во иднина треба да прераснат во значајни настани во меѓународни рамки.