Коцевски во посета на првороденчето во 2019

Денес градоначалникот Аце Коцевски традиционално го посети првото новороденче во 2019 година на одделението за гинекологија и акушерство при градската болница Велес.

Градоначалникот лично и честиташе на среќната мајка Сибил Кариманова на која ова и е второ дете.  Малечкиот Елвин чие семејство живее во Градско е во одлична здраствена состојба и наскоро ќе замине дома со своите родители.

„Во споредба со минатата година како и во целата држава има намалување на бројот на новореденчиња. Годинава ја завршивме со 505 породувања од кои 24 проценти се со царски рез, а останатите се спонтани породувања. Околу 60 проценти од мајките се од Велес“-  соопшти д-р Аристотел Тренчев, раководител на службата за гинекологија и акушерство.

Градоначалникот им ја честиташе Новата година на целиот медицински персонал и апелираше до граѓаните да имаат поголема доверба во јавното здраство.

„Да им порачаме на мајките дека нашето јавно здраство е доволно квалитетно и тука може да добијат најпрофесионална нега и услуга“-истакна Коцевски.