Одржана Вело-Крос трката во Велес
Педесет велосипедисти од десетина велосипедски клубови од државата денес беа дел од Вело -крос трката во рамките на Купот на Македонија. Овој спортски настан беше организиран од страна на Младинскиот велосипедски клуб од Велес и Велосипедската федерација на РСМ.Ова е четврта и последна Вело-крос трка за оваа сезона, а следните трки во друмски велосипедизам ќе се одржат во Кичево и повторно во Велес. Градоначалникот на Општина Велес ги додели наградите на најуспешните во четирите категории и тоа кадети, мастерс, јуниори и сениори.
Категорија кадети:
1. место Лука Димитријоски
2. место Давид Ристовски 3. место Благој Марковски
Категорија мастерс:
1. место Златко Пецовски 2. место Љупчо Глигоровски
3. место Миле Силјановски
Категорија јуниори:
1. место Виктор Ванчевски
2. место Кристијан Максимовски
3. место Кристијан Ванчевски
Категорија сениори:
1. место Тефик Салахи
2. место Кирил Марковски
3. место Марио Петровски
Општина Велес и понатаму ќе ги поддржува спортските случувања во градот. Како активни учесници во сообраќајот, велосипедистите ќе добијат поефикасни и поефективни решенија за безбедно учество во истиот, предвидени во рамки на Планот на одржлива урбана мобилност кој наскоро треба да биде донесен.