Ротари клубот од Цеље во посета на Велес
На 23 март годинава, Општина Велес беше домаќин на делегација на Ротари клубот од збратимениот град Цеље, Република Словенија.
На средбата со делегацијата, Градоначалникот Аце Коцевски ги претстави најзначајните податоци од развојот на Велес, традициите и културата. „Мило ми е што како градоначалник и ротаријанец имам можност да ја следам нашата успешна соработка. Добро е оваа соработка да се шири и во областа на бизнисот, да заврши со добра економска соработка и трговска размена“, рече Коцевски.
Претседателот на Ротари клубот од Цеље, Франци Прибелшек изрази задоволство од досегашната соработка. „Ротари ги зближува луѓето од целиот свет. Ова е убава можност да размениме искуства“, рече Прибелшек. Тој најави можности за продлабочување на соработката преку взаемни посети и средби.
Покрај посетата на Општина Велес, ротаријнците од Цеље имаат можност да посетат повеќе локации во Велес и регионот меѓу кои и спомен обележјето на ротаријанците во дворот на велешката „Гимназија Кочо Рацин“.