Потврдена одличната соработка помеѓу Општина Велес и Групацијата Дрекселмаер
Генералниот директор на групацијата Дрекселмаер, г-дин Лукас Мирингер, денес оствари средба со градоначалникот на Општина Велес, г-дин Аце Коцевски.
На средбата се разговараше за досегашната исклучително добра соработка помеѓу компанијата и Општината, како и за можностите за продлабочување на истата и реализирање на идни проекти.
Германската групација Дрекселмаер, која успешно работи повеќе години во државава и има отворено фабрика во Кавадарци, пред неколку месеци отвори и своја инфо канцеларија во Велес. Во компанијата работат ололу деветстотини велешани и со тоа Дрекселмаер претставува најголем работодавач за граѓаните на Велес.