За три месеци собрани 303м3 отпад од дивите депонии во Општина Велес
Општина Велес во соработка со ЈКП „Дервен“ ги координира активностите за чистење на градските локации на кои беше утврдено поголемо количество отпад.
Во првиот квартал од 2019г. покрај редовното метење и миење на градските улици генерално беа исчистени од отпад и следните локации: влезови во Велес, Битолска пруга, Гевгелиска пруга, брегови на река Вардар, Индустриска зона УЗУС, Езеро Младост, Комплекс УЗУС, околина на градски јавори и бројни мали локации во градот.
Комуналците неуморно работеа и собраа 175м3 отпад. Заедно со 128м3 отпад од граѓанската акција за чистење на зелениот појас Топилница количината на собран отпад во првиот квартал е 303м3.
Општина Велес будно ја следи состојбата. Но, тешко се постигнуваат резултати без поддршка на граѓаните.
Општината ги поздравува и поддржува активностите на здруженијата на граѓани и граѓански групи за чистење на мали градски средини кои ќе ја подигнат свеста за чиста животна средина и општествена одговорност.
Активностите продолжуваат и во насока да се пресретне, спречи и санкционира оставање, исфрлање, напуштање и неконтролирано отстранување на отпад.