Одбележани 75 години од смртта на народниот херој Димче Мирчев
По повод 75 години од загинувањето на народниот херој Димче Мирчев, делегации на Општина Велес, Општинската организација на Сојузот на Борците од НОБ и локалните инстутиции положија цвеќе на споменикот на Димче Мирчев во Младинскиот парк и во кругот на градинката која го носи неговото име.
Димче Мирчев истакнат првоборец и народен херој, еден од основачите Велешкиот партизански одред „Димитар Влахов“ загина во Каварци на 6 април 1944 година. За народен херој на Југославија е прогласен на 2. Август 1949 година.