"Здравјето е пред се" за велешани
4456 операции на карцином на простата во последните 5 години во земјава.Во Велес и регионот откриени 24 карциноми на простата само во изминатата година.69 откриени случаи на карцином на дојка во Велес и регионот за 2018 година.
Овие загрижувачки бројки можеа да се слушнат на денешната дебата во општината.Големиот број на присутни имаа можност од ",прва рака" да слушнат за превентивната заштита и наксовремите начини за лекување на малигните заболувања на простата кај мажите и на дојка кај женската популација,но и за останатите заболувања како канцерот на матката и на дебелото црево.
За овие теми говореа еминентни стручни лица од лекарската фела како проф.д-р Сашо Дохчев, директор на Клиниката за Урологија и прим.д-р Филип Тодоровски, торакален хирург трауматолог. Овие болести за жал се повеќе ја зафаќаат и помладата генерација и затоа потребни се редовни прегледи кај матичните лекари.
"Имаме ефикасни оружја и не треба да се плашиме.Раното откривање нуди можности за комплетно излекување на канцерот на простата", истакна проф.д-р Дохчев.
Дебатата ја организира Општина Велес која и во иднина ќе продолжи да организира слични настани со цел зајакнување на свеста кај населението околу превенцијата и лекувањето на малигните заболувања.