Генерално расчистување на јавните површини пред предстојниот летен период
Од почетокот на месец април Општина Велес започна со генерално расчистување на локации кои долги години беа користени од страна на правни лица и трговци поединци за свои потреби, а без одобрение за користење на јавна површина.
Општината смета дека јавните површини припаѓаат на граѓаните и затоа се одлучи да изврши генерално расчистување на јавните површини, започнувајќи од централното градско подрачје и главните сообраќајници.
Ова особено беше потенцирано на ул. „Благој Ѓорев“ на јавните површини кои ги користат угостителските објекти каде беше затекнат покриен простор за вентилација на подземни гаражи, заварени метални елементи на огради, поставени огради, платформи и друг вид на опрема, спроведени електрични кабли на јавните површини, заробени дрвја со тенди.
Во договор со корисниците на јавните повшини расчистувањето се изврши без проблеми. Активностите и во предстојниот период ќе продолжат со цел урбаните површини да бидат уредени и пристапни за жителите на Велес.