Израелски примери на добра пракса претставени пред велешани
Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, денес оствари средба со претставници на граѓанската организација Креаторс, од Израел и УНДП. Тие планираат да развијат процес, преку кој општините ќе се подготват да мапираат и овозможат е-услуги, преку креаирање на систем, стратегија, тим и метод за "дигитална проектна имплементација".
Компанијата која ќе го развие целиот процес и овој метод на "креативно мислење" го има веќе имплементирано успешно на локално ниво во повеќе од 50 општини во Израел но и во Полска,Германија,Тајланд и други земји.На работилницата, која беше од неформален тип, директорката на "Creators" , г-ѓа Моника Розалска го претстави делпроектот "Унапредување на општинското владеење" кој предвидува имплементирање иницијатива со цел воведување нови иновативни начини за унапредување на јавните услуги на локално ниво.
Таа истакна дека Велес е еден од ретките градови кој може да послужи како позитивен пример, не само во државата, туку и во Европа, кој како град се стреми кон повисоки цели и стандарди, а истовремено пронаоѓа паметни решенија за предизвиците со кои се соочуваат секојдневно неговите граѓани.
"Вие сте еден од ретките градоначалници кој се обврза да внесе новитети за подобар развој на својот град и да ги следи достигнувањата во технолошкиот развој" рече г-ѓа Моника Розалска .
Присутните на работилниџата споделија разни примери со кои се соочуваат како предизвик и се предмет на решавање со неодамна усвоената Стратегија за развој "Велес - паметен град 2019-2030".
Врз основа на искуството и постоечките информации, УНДП селектираше три општини, Гостивар, Струмица и Велес, во кои ќе ја спроведе својата иницијатива.
Со подадена рака за продлабочување на соработката помеѓу Општина Велес претставниците на израелската компанија се заокружи денешната средба.