Се продлабочува соработката со УНДП
Во рамки на проектот "Унапредување на општинското владеење", поддржан од страна на УНДП, денес, градоначалникот на Општина Велес, г-дин Аце Коцевски имаше средба со консултант од програмата на УНДП на која се разговараше за досегашните активности во кои беше вклучена општината.
Резултатите од овој проект се исклучително корисни за општините во однос на реализација на проекти кои ќе ја потпомогнат фискалната децентрализација и ќе придонесат за порамномерен развој на регионите во земјава. На средбата стана збор и за најновиот проект поврзан со дигиталната трансформација на јавниот сектор како и развој на иновативен екосистем. Концептот се заснова на Creators методологијата, која успешно е спроведена во голем број напредни општини во светот.
Претставничката од УНДП, г-ѓа Станишиќ и градоначалникот Коцевски разговараа и ги разгледаа актуелните предизвиците со кои се соочува Општина Велес во однос на капацитетите со кои располага општината, условите за работа и општинската поддршка кон граѓанскиот сектор, а се осврнаа и на досегашната соработка со УНДП која досега е и повеќе од успешна.
На средбата се разгледа и можноста Општина Велес да започне со процес на издавање на општински обврзници со што би се помогнала реализацијата на идните проекти со што ќе се унапреди квалитетот на животот на граѓаните и ќе се подобри бизнис климата во градот.