Честитка од градоначалникот Коцевски по повод Денот на македонската полиција

Во свое лично име, во име на Советот на Општина Велес и во име на граѓаните, на сите припаднички и припадници на полицијата и безбедносните служби им го честитам 7 Мај, Денот на полицијата.
Посветеноста и професионалноста со кои ја извршувате Вашата професија се одлики за пример, почит и пожртвуваност.

Вие сте столбот на кој се потпира државноста и кој ја гарантира внатрешната безбедност.

Општина Велес останува посветена на продлабочување на успешната соработка со Секторот за внатрешни работи со цел обезбедување безгрижен живот и непречена примена на законите во интерес на граѓанките и граѓаните на Велес.

Со искрена благодарност за Вашата посветеност и професионалност ви посакувам многу успеси во сите идни активности.

Со почит,
Градоначалник на Општина Велес
Аце Коцевски