По повод Денот на Европа-Најмалите велешани создадоа цветна Европа
Со организирање на креативно – едукативна работилница „Децата за ЕУ“ со децата од ОЈУДГ “Димче Мирчев”, денес во Велес се одбележа 9. Мај, Денот на Европа. На неформален начин, преку игра и песна, учесниците на работилницата, самостојно ги изработија знамињата на сите 28 земји членки на Европската Унија и преку квиз учеа за европските земји и нивните главни градови.
На настанот, на кој присуствуваше и градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, тие споделија дел од своето знаење во врска со секоја од државите. Општина Велес, во соработка со ЈКП “Дервен” во текот на денот, засадија цвеќиња (на површина од 4м x 2м) во дворот на општинската зграда, во форма на знамето на ЕУ, а настанот беше крунисан со симболично полевање на цветното знаме од страна на децата од ДГ “Димче Мирчев” од Велес, во знак на подобра европска иднина на граѓанките и граѓаните на Општина Велес и Република Северна Македонија.