Светскиот лидер во градежната индустрија „Винербергер“ во посета на Велес
Делегација во состав од претставници на една од водечките градежни индустрии „Винербергер“ од Австрија како и од регионалната канцеларија на организацијата „Хабитат“ денес остварија средба со градоначалникот Коцевски на која стана збор за досегашната одлична повеќе годишна соработка на Хабитат со општината.
Австрискиот Винербергер е застапен во повеќе од 30 земји и во моментопв соработува на проекти со Хабитат во повеќе земји како Романија, Унгарија, Словачка , САД и Обединетото Кралство, а сега започнува соработка со Македонија.
„Верувам дека ќе ја продолжиме меѓусебната почит која ја имаме со Хабитат. Ви посакувам голем број на успеси и ве охрабрувам да продолжите со вашата општествена одговорност во однос на поддршката на голем број организации и ранливи групи на граѓани“, истакна Коцевски во своето обраќање.