Подобрени јавни услуги во населените места

Во април и мај во сите населени места кои добиваат и плаќаат комунални услуги (Отовица, Башино село, Мамутчево, Сујаклари, Раштани, Бузалково, Чалошево, Горно Оризари, Караслари) беше извршено перење на централните улици. Исто така, беа искосени јавните површини и тоа: влезот во населените места, центрите на населените места како и пристапите кон училиштата и други јавни објекти.

Овие активности се испланирани во Програмата за одржување на јавното зеленило и Програмата за јавна чистота на територијата на Општина Велес за 2019 година. Целта на активностите е да се обезбедат еднакви услови за сите граѓани и во градот и во населените места. Општината ќе продолжи со зајакнувањето на квалитетот на услугите со цел да се обезбеди постојано подобрување на условите за живот на граѓаните на целата територија на Општина Велес.