Нови сообраќајни решениja на крстосницата кај „Црна Пека Петрол“
Во тек се градежни активности за реконструкција на крстосницата формирана од улицата „АСНОМ” и улицата „Андон Шурков”, во близина на бензиската пупма „Црна Река Петрол”
Реконструкцијата опфаќа изградба на два нови острова, проширување на лента од улица „АСНОМ” кон улицата „Андон Шурков” и поставување на соодветна вертикална и хоризонтална сообраќајна сигнализација.
На овој начин се прави точно дефинирање на право на првенство на минување, зголемување на прегледноста при маневрирање и заштита на движењето на пешаците. Видот на крстосница кој беше на оваа локација веќе се нашушта во поголемиот дел на развиени држави и се применуваат современи и ефикасни решенија кои , според искуствата од овие земји, го зголемуваат нивото на безбедност во сообраќајот.
За овој проект се одвоени средства од буџетот на Општина Велес во износ од 873 000 денари. Општина Велес апелира до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и да бидат внимателни при преминувањето на улиците во овој дел од градот додека траат градежните активности.
Следна крстосница која ќе се реконструира во следниот период е онаа кај поштата.