Старт на градежните активности крај езерото „Младост“

Согласно Програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на Општина Велес за 2019 година,  започна пробивањето на улицата 2 на езерото „Младост“. Во изминатиот период се постави инфраструктурата: приклучоци за подземна инфраструктура и улично осветлување со што се обезбедија услови за старт на работите за асфалтирање на улицата.

Во наредниот период ќе се изврши и оформување на двете раскрсници, а улицата над објектот  Регионална академија на „Прокредит банка“ ќе се тампонира. Според најавите, градежните работи кои ги изведува компанијата „Изгрев Инженеринг“ треба да завршат до почетокот на септември годинава.