Одржан Кајак слалом на диви води „Илинден Опен 2019’

Денес, во водите на Вардар се одржа Кајак слалом на диви води „Илинден Опен 2019“ во организација на кајак клубот „Вила Зора“ од Велес, кој 24 години наназад го организира овој настан.
Во повеќе дисциплини беа постигнати следните резултати:

Во дисциплината К-1 пионери, првото место му припадна на Стефан Рибарски од ККК „Вардар“ Велес, втор патеката ја заврши Петар Радојковиќ од ККК „Гусар“ Ниш Р.Србија, додека третото место го освои Арун Небиовски од ККК „Вардар“ Велес.

Во дисциплина К-1/ јуниори, најбрз беше Ангелче Петрушевски од ККК „Вардар“ Велес, второпласиран Мартин Мазнев од ККК „Вардар“ Велес, а третото место го освои Ердинч Зејнелов ККК „Вардар“ Велес.

Во дисциплина К-1/сениори, прв патеката ја помина Христијан Игнатов КК „Бабуна“ Велес, второто место го освои Никола Димов КК „Бабуна“ Велес, додека третото место му припадна на Марко Кесиќ ККК „Гусар“ Ниш Р.Србија.

Во дисциплина Ц-1/јуниори, првото место го освои Ангелче Петрушевски од ККК „Вардар“ Велес, втор беше Лазар Цветковиќ од ККК „Гусар“ Ниш Р. Србија, додека третото место го освои Мартин Мазнев од ККК „Вардар“ Велес.

Во дисциплина Ц-1/сениори, првото место го освои Бошко Нецинов од КК „Бабуна“ Велес, второ место освои Марко Кесиќ од ККК „Гусар“, Ниш Р.Србија, додека како трет се пласираше Александар Дамјанов од КК „Бабуна“ Велес.

Во дисциплина К-1/јуниорки-жени, првопласирана беше Ангела Димова од КК „Бабуна“ Велес, второто место и припадна на Олгица Мелова од ККК „Просек“ Демир Капија.

Во екипен пласман беа постигнати следниве резултати:
1.ККК „Вардар“ Велес
2.КК „Бабуна“ Велес
3.ККК „Гусар“ Ниш
4.ККК „Просек“ Демир Капија
5.ККК „Гемиџии 903“ Велес
6.ККК „Илинден 90“ Скопје
7.КК „Вила Зора“ Велес
И овој кајак натпревар како и вчерашниот „Велес Опен 2019“, е финансиски поддржан од страна на Општина Велес.