Република Македонија
Совет на Општина Велес
Број 07- 2090/1
19.05.2009 година
Велес
Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес" бр.12/06), донесувам
РЕШЕНИЕ
за свикување на 4-та седница на Советот на Општина Велес
Седницата ќе се одржи на ден 28.05.2009 година (четврток) во просториите на Општина Велес со почеток во 13,00 часот.
- Усвојување на записници од 2-та и 3-та седница на Советот на Општина Велес
За седницата го предлагам следниот
ДНЕВЕН РЕД
за 4-та седница на Советот на Општина Велес
1. Предлог-одлука за изменување и дополнување – проширување на средствата во Буџетот на Општина Велес за 2009 година
2. Предлог-одлука за утврдување на Нацрт Детален урбанистички план за УЕ „5“, дел од урбан блок „34“ (плански опфат помеѓу улиците „Кузман Јосифовски“, улица „250“), (1,00 ха), (2009-2014) – во Општина Велес
3. Предлог-одлука за утврдување на Нацрт Детален урбанистички план за дел од Велес – локалитет: - дел од урбана единица „10“ – дел од урбан блок „52“ – плански период (2009-2014) површина (3,21 ха) - Општина Велес
4. Предлог-одлука за утврдување на Нацрт Урбанистички план вон населено место, (стопански комплекс), м.в. „Среден пат“ КО Башиносело, 29.97 ха (2009-2019) – Општина Велес
5. Предлог –одлука за утврдување на работно време на Локална библиотека „Гоце Делчев“
6. Предлог-решение за разрешување и именување претседател и членови на Одборот за спас на Велес од Топилницата
7. Извештај за работата на на ЈПССО „Парк спорт“ Велес за периодот од 01.01.2009 до 31.03.2009 година
8. Извештај за вработувањата на наставници во Општинското средно училиште „Гимназија Кочо Рацин“ спроведено според огласот објавен во јавните гласила на ден
19.12.2008 година
9. Советнички прашања
Со почит,
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
Славчо Чадиев