Дневен ред за 6-та седница на Советот на Општина Велес

Република Македонија
Совет на Општина Велес                               
Број 07-2911/1
07.07.2009 година
Велес

Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес" бр.12/06), донесувам

РЕШЕНИЕ
за свикување на  6-та седница на Советот на Општина Велес

Седницата ќе се одржи на ден 14.07.2009 година (вторник) во просториите на Општина Велес со почеток во  13,00 часот.

  • Усвојување на записник од одржаната 4-та седница на Совет на Општина Велес
  • Усвојување на записник од одржаната 5-та седница на Совет на Општина Велес

За седницата го предлагам следниот

ДНЕВЕН РЕД
за 6-та седница на Советот на Општина Велес

1.Предлог-одлука за донесување  на Детален урбанистички план за дел од Велес, локалитет – дел од урбана единица 7 „Алексо Демниев“ – дел од урбан блок 38 -2008 -2013 – Општина Велес
2.Предлог-одлука за утврдување  на Нацрт Детален урбанистички план УЕ З, дел од урбан блок 24 Велес – (2008-2013) - Општина Велес
3.Предлог-одлука за утврдување  на Нацрт Детален урбанистички план за дел УЕ5, дел од УБ34 – (2009-2014) Општина Велес
4.Предлог-одлука за утврдување  на Нацрт Детален урбанистички план за дел УЕ4 - дел од УБ29 – (2009-2014) Општина Велес
5.Предлог-одлука за изменување и дополнување на Одлуката за авто-такси превоз на патници во Општина Велес
6.Предлог-одлука за утврдување на надоместок на трошоци за избори на организаторите на изборната кампања чии кандидати се избрани за членови на Советот на Општина Велес и за Градоначалник на Општина Велес на локалните избори одржани во 2009 година
7.Предлог-решение за распределба на средствата за поддршка на спортот во Општина Велес за 2009 година

Со почит,

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
Славчо Чадиев с.р.