Дневен ред на 16-та седница на Советот на Општина Велес


Република Македонија
Совет на Општина Велес
Број 0701-170/1
18.01.2006 година
В е л е с

Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 27, став 2 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес" бр.1/03, 5/05,9/05), донесувам

Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на 16-та седница на Советот на Општина Велес


Седницата ќе се одржи на ден 25.01.2006 година (среда) во просториите на Општина Велес со почеток во 11,оо часот.

За седницата го предлагам следниот

Д Н Е В Е Н Р Е Д
за 16-та седница на Советот на Општина Велес


- Прифаќање на записник од 13-та седница на Советот на Општина Велес
- Прифаќање на записник од 14-та седница на Советот на Општина Велес
1.Предлог-одлука за измена и дополнување на Одлуката за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на општинската администрација на Општина Велес.
2.Предлог-Одлука за делегирање на надлежности од областа на социјалната заштита.
3.Предлог-Одлука за делегирање на надлежности од областа на спортот и рекреацијата.
4.Предлог-Одлука за нарачка на авторско дело.
5.Предлог-Одлука за измена и дополнување на Одлуката за општински линиски превоз на патници во Општина Велес.
6.Предлог-програма за обележување на годишнини на значајни настани и личности за 2006 година.
7.Предлог-годишна програма за работа на Локалната установа „Народен музеј“ Велес за 2006 година и цели до крајот на 2008 година.
8.Предлог-годишна програма за работа на Јавното претпријатие за стопанисување со спотрски објекти „Парк-Спорт“ Велес за 2006 година.
9.Извештај за работата на фондацијата „Коле Неделковски “ за 2005 година.
10.Информација за издаден деловен простор под закуп во спортската сaла „25 Мај“.
11.Предлог-Решение за назначување внатрешен ревизор во Општина Велес.
12.Предлог-Решение за давање согласност на Одлуката за утврдување на цените за издавање на деловен простор под закуп на Јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти„Парк-Спорт“ Велес.
13.Предлог-Решение за давање согласност на Одлуката за утврдување на цени за користење на спортските објекти и терени со кои стопанисува Јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти„Парк-Спорт“ Велес.
14.Предлог-решение за разрешување и именување на членови на Управен одбор на Фондацијата „Коле Неделковски“ Велес.
15.Предлог-решение за разрешување и именување на членови на Надзорниот одбор на Фондацијата „Коле Неделковски“ Велес.
16.Предлог-решение за разрешување на член на Управниот одбор на ЈЗУ Здравствен дом- Велес.
17.Советнички прашања.

ПРЕТСЕДАТЕЛ на
Советот на Општина Велес,
Марјанчо Николов с.р.