Република Македонија
Совет на Општина
Велес
Број 0701-494/1
13.02.2006 година
Велес
Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа
(„Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 27, став 2 од Статутот на
Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес" бр.1/03, 5/05,9/05),
донесувам
РЕШЕНИЕ
за свикување на 18-та седница на Советот
на Општина Велес
Седницата ќе се одржи на ден 21.02.2006 година (вторник) во просториите на Општина Велес со почеток во 10,оо часот.
За седницата го предлагам следниот
ДНЕВЕН РЕД
за 18-та седница на Советот на Општина Велес
- Прифаќање на записник од 16-та седница на Советот на Општина Велес
- Прифаќање на записник од 17-та седница на Советот на Општина Велес
1.Предлог-одлука за пристапување кон донесување на Статут на Општина Велес.
2.Нацрт Статут на Општина Велес.
3.Предлог-одлука за утврдување на цените за изнајмување на користење на
противпожарната опремата со која располага Територијалната
противпожарна единица.
4.Предлог-одлука за измена и дополнување на Одлуката за давање на времено користење на дел од објект.
5.Предлог-одлука за начин на вршење на трговски дејности од мал обем.
6.Прелог-правилник за определување на локации и начин на нивно користење за вршење на трговски дејности од мал обем.
7.Предлог-одлука за измена и дополнување на Одлуката за начинот и
условите за истакнување на реклами,објави и огласи на јавни места во
Општина Велес.
8.Предлог-правилник за измена и дополнување на Правилникот за
утврдување на надоместоците во постапката за издавање одобрение
за користење на место за огласување односно за отстранување на обележје.
9.Предлог-правилник за начинот и постапката за делегирање на надлежности од областа на социјалната заштита.
10.Предлог-правилник за начинот и постапката за делегирање на надлежности од областа на спортот.
11.Предлог-програма за обележување на годишнини на значајни настани и личности за 2006 година.
12.Информација за имотот на Општина Велес со кој располага Територијалната противпожарна единица.
13.Предлог-решение за разрешување и именување членови на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.
14.Предлог до Министерството за образование и наука за нова
струка и образовен профил за упис на ученици во општинското средно
училиште во учебната 2006/2007 година.
15.Советнички прашања.
Со
почит,
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
Марјанчо Николов с.р.