Дневен ред за 18-та седница на Советот на Општина Велес

Република Македонија
Совет на Општина Велес
Број 07-812/1
22.02.2010 година
Велес

Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес" бр.12/06), донесувам

РЕШЕНИЕ
за свикување на 18-та седница на Советот на Општина Велес

Седницата ќе се одржи на ден 01.03.2010 година (понеделник) во просториите на Општина Велес со почеток во 13,00 часот.

  • Усвојување на записник од одржаната 17-та седница на Советот на Општина Велес

За седницата го предлагам следниот

ДНЕВЕН РЕД

1.Предлог - одлука за збратимување на Општина Велес со Општина Новогард, Република Полска
2.Предлог - одлука за утврдување на потребата од изработка на локални урбанистички плански документации на територијата на Општина Велес
3.Предлог - Одлука за ослободување од плаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште (Основно музичко училиште)
4.Предлог - одлука за отпис и расходување на основни средства и ситен инвентар сопственост на Општина Велес
5.Предлог - Решение за именување на претседател и членови на комисијата за вршење на отпис на основни средства и ситен инвентар сопственост на Општина Велес
6.Годишен извештај за работата на Центарот за развој на Вардарски плански регион за 2009 година
7.Годишен извештај за спроведување на Програмата за развој на Вардарски плански регион за 2009 година
8.Предлог - план за воспоставување систем на технички и организациски мерки за обезбедување тајност и заштита на обработка на личните податоци
9.Информација за извршените работи и задачи на полициската станица Велес за 2009 година
10.Информација за состојбата со високата вегетација во Градскиот парк
11.Информација за потпишаниот договор на ЈКП „Дервен“ со ЈП „Лисиче“ - Велес
12.Советнички прашања

Со почит,

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
Славчо Чадиев