Република Македонија
Совет на Општина Велес
Број 07-482/1
03.02.2010 година
Велес
Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес" бр.12/06), донесувам
РЕШЕНИЕ
за свикување на 17-та седница на Советот на Општина Велес
Седницата ќе се одржи на ден 10.02.2010 година (среда) во просториите на Општина Велес со почеток во 13,00 часот.
- Усвојување на записник од одржаната 13-та седница на Совет на Општина Велес
- Усвојување на записник од одржаната 14-та седница на Совет на Општина Велес
- Усвојување на записник од одржаната 15-та седница на Совет на Општина Велес
- Усвојување на записник од одржаната 16-та седница на Совет на Општина Велес
За седницата го предлагам следниот
ДНЕВЕН РЕД
1.Предлог-одлука за изменување и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Велес за 2010 година.
2.Предлог – одлука за давање согласност за одржување на Davis cup натпревар во Спортска сала „Гемиџии“ - Велес
3.Предлог одлука за изменување и дополнување на Генерален урбанистички план на град Велес, дел од УЕ„6“, УБ „36“ (2009-2019)- Општина Велес
4.Предлог - одлука за утврдување на потребата од изработка на локални урбанистички плански документации на територијата на Општина Велес
5.Одлука за еднократна парична помош на семејствата оштетени од пожар*
6.Предлог – одлука за давање право за оттуѓување ствари (ООУ„Васил Главинов“)
7.Предлог – одлука за давање право за оттуѓување ствари (СОУ„Јовче Тесличков“)
8.Предлог- решение за разрешување на член во Одборот за контрола на материјалното и финансиско работење на ЈКП „Дервен“ Велес
9.Предлог решение за именување на член во Одборот за контрола на материјалното и финансиско работење на ЈКП „Дервен“ Велес
10.Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Велес за први, втори, трети и четврти квартал за 2009 година
11.Годишен извештај за примената на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер во Општина Велес
12.Локален акциски план за родова еднаквост за период 2010 година
13.Листа за дополнување на листата на информации од јавен карактер во Општина Велес
14.Информација за имплементација на Националната платформа за намалување на ризици од несреќи и катастрофи на Република Македонија на локално и регионално ниво
Со почит,
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
Славчо Чадиев с.р.