Република Македонија
Совет на Општина Велес
Број 07-/1454/1
24.03.2010 година
Велес
Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес" бр.12/06), донесувам
РЕШЕНИЕ
за свикување на 21-та седница на Советот на Општина Велес
Седницата ќе се одржи на ден 31.03.2010 година (среда) во просториите на Општина Велес со почеток во 10,00 часот.
- Усвојување на записник од одржаната 18-та седница на Советот на Општина Велес
За седницата го предлагам следниот
ДНЕВЕН РЕД
1.Предлог - Буџетски календар на Општина Велес за 2011 година
2.Предлог – одлука за прифаќање на предлог за воспоставување на меѓуопштинска соработка
3.Предлог - одлука за утврдување на потребата од изработка на локални урбанистички плански документации на територијата на Општина Велес
4.Предлог - одлука за утврдување на потребата од изработка на локални урбанистички плански документации на територијата на Општина Велес
5.Предлог - одлука за утврдување на потребата од изработка на локални урбанистички плански документации на територијата на Општина Велес
6.Предлог – одлука за утврдување на висината на надоместокот за работата на Комисијата за разгледување на урбанистички планови и локална урбанистичка планска документација
7.Предлог – програма за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште и заштита на животната средина на просторот на Општина Велес за 2010 година
8.Предлог – програма за изменување и дополнување на Програмата на активностите на Oпштина Велес во областа на спорт и млади во 2010 година
Со почит,
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
Славчо Чадиев с.р.